Јубилејна изложба на Виолета Силјан


Во организација на Пионерски дом Гевгелија, Музеј на град Скопје и Фондација Аполонија, во Ликовниот салон на Фондацијата Аполонија, во четврток, 29-ти  Септември 2016  година во 20.00 часот ќе се отвори изложба со наслов  „Дивиот трендафил“ на авторката  Виолета Силјан, по повод Јубилејот /1986-2016/ 35 години творештво.

 Виолета Силјан е родена во 1956 година во Тетово. Училиште за применета уметност, на Одделот за сликарство, завршила во класата на проф. Родољуб Анастасов во 1976 година. Во 1986 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, на Одделот за графика,  во класата на профе­сорите Драгутин Аврамовски-Гуте и Димитар Малиданов.

Од 1986 година е член на ДЛУМ.

14518315_10209055628601761_1365407636_n
Самостојни изложби
1985- Еффертикон, Швајцарија, изложба на слики  во фоајето на Музичката школа на градот
1986- Цирих,  Швајцарија,  Изложба на слики во галерија „Idea“
1987- Цирих,  Швајцарија,  Изложба на слики во галерија „Am Hinterbеrg“
1991- Цирих,  Швајцарија,  Изложба на слики во галерија „Am Hinterbеrg“
1993- Париз, Франција,  Изложба на слики во галерија „ Vardar“
1994- Цирих,  Швајцарија,  Изложба на слики во галерија „ Keller“
1995- Крива Паланка, Изложба на слики во Домот на културата
1995- Цирих,  Швајцарија,  Изложба на слики во галерија „  Kranich“
1997- Скопје,  Камерна изложба на слики во Салон 1 во  КИЦ
1997- Тетово,  Изложба на слики во Домот на културатата
2016 – Музеј на град Скопје
2016 – Музеј на град Велес, Ликовен салон Велес
2016 – Музеј на град Неготино
2016 –  Ликовен салон – Фондација Аполонија, Гевгелија

Групни изложби
Од 1985 do 2014 година учествувала на бројни групни изложби во: БИХ,  Србија, Швајцарија, Франција, Руска Федерација и Бугарија.

 Награди
1985- Награда на ФЛУ за најдобар студент на графичкиот оддел
1996- Награда за графика  „Св. Климент Охридски“.

Колекции
Нејзините дела се застапени во приватни колекции во земјата и странство

За творештвото на Силјан во каталогот, меѓу другото Конча Пирковска пишува:

Современите толкувања на сите видови уметности ни укажуваат на непобитниот факт дека во светот на човечките вредности, сè се манифестира низ знаци; односно и самиот човек е знак,  како и неговиот живот кој се одвива низ транспарентни значења  кои претставуваат резултат на некои реални, имагинарни  или несвесно потиснати желби.

Оттука и изложбата на авторката Виоле­та Силјан, чијшто гене­рален нас­лов е „Диви­от трендафил“, низ семиолошкитe принци­пи го пре­зе­н­­тира нејзиниот три­есетгодишен творечки јубилеј. Страста за постојана  авто­­кре­а­тив­ност, желбата за изло­жување не само пред туѓата публика, туку и пред својата, без бе­гање од, и повлекување во себеси, Силјан годинава се охрабри, по долга апстиненција,  повторно да се пре­зен­тира пред македонската јавност. 

На нејзината јубилејна изложба, низ строго селективен пристап, застапени се де­ла од различни ликовни медиуми (графики, слики и цртежи), кои се рабо­тени во пери­одот од 1985/6 година па  сè до денес.

 Но, со генералниот наслов кој е преземен од последниот циклус „Дивиот трен­да­фил“, на извесен начин, според својот есенцијален концепт чија содржина е темелена на идентитетот на жената, т.е. на метафората на женскотo писмо, целата изложба, низ своевидната хомогенизација, ја ма­нифестира субли­мацијата како на ци­клусите, така и на другите дела.

 Тргнувајќи од суптилно третираните графички лис­тови застапени во извонредниот циклус „Co­m­media dell’аrte“ (во македонската уметност воопшто не е третиран ваквиот театрален oблик на рене­сан­сната народна кул­тура на Италија), па преку петте преостанати сликарски циклуси, и еден циклус на цртежи (во кој е застапен машкиот субјект), доми­нантен мотив е жената.

Генерално, стилскиот сликарски опус на Силјан е во духот на поетскиот, и ако може да се рече, на романтичар­скиот експресионизам. Како што веќе по­тен­циравме, нејзиниот централен мотив  е женскиот субјект. Тој е поединечно или групно трети­ран од раз­лични просторни ракурси, проследени со атрибутите кои и  се иманентни на  нејзиното битие.

Најголемиот број слики на Силјан во извесна смисла се автореферентни, така што со низата  ин­тим­ни приказни таа успеа да ја исткае мрежата од лично доживеа­ните „нас­­та­ни“ низ раз­­личните вре­менски периоди.  Со раскошниот  комплементарен изблик, во кој се чувствува енергијата на гласот и ми­ри­сот на бо­ите, низ колористичка експресија и експанзија, експлицитно, но селективно, авторката ни ја манифестира убавината на радос­та, но и на страста од творечкото живеење.

Творештвото на Виолета Силјан претставува  потрага и по­твр­да на нејзиниот автентичен уметнички иден­титет. Со  посредс­тво на материјата, т.е. со топлата музи­кал­но раз­­виена колора­ту­ра, без цизе­лирање на детаљите на мотивите, таа се обидува  да ја  воспостави ре­ла­ци­јата со скриената суштина на битието  и  да го еманира  поинаквиот вид отвореност и радост кон жи­во­тот.

 

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …