Ќе се реновира Железничката станица


За десетина дена стартува проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција на десет железнички станици во Македонија, меѓу кои и железничката станица во Гевгелија.

 Според планот, во севкупниот проект за реновирање на железничките станици во земјата  ќе бидат опфатени железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. Сите десет станици се наоѓаат долж Коридорот 10, со што се очекува до крајот на годината да бидат пуштени во употреба со комплетно нов лик.

Железничката станица во Гевгелија се вбројува меѓу најстарите, изградена е во 1873 година, кога била изградена и железничката пруга Скопје-Солун. Станува збор за една од најфреквентните железнички станици, бидејќи на самата станица се наоѓаат граничната полиција и царинската испостава, односно железничкиот граничен премин.

*Превземено од: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …