17-та вардарска регата „Гемиџии“ во недела пристигнаа во Гевгелија


По седумнаесети пат, вчера од Велес тргна  Вардарска регата „Гемиџии“. Составена е од стотина учесници кои запловија по Вардар, качени на 14 гумени чамци и една гемија.Регатата за четири дена преку Криволак, Демир Капија и Миравци, ќе треба да стигне во Гевгелија.  Годинава за првпат регатата е меѓународна со гости учесници од Србија и од Бугарија.Се вози со 13 гумени сплавови и дрвената гемија којашто е реплика на онаа со која велешките трговци носеле стока по Вардар се до Солун.

Четири дена ќе плови од Велес до Гевгелија, а годинава има и гости од соседството…Стотина учесници на 14 пловни објекти меѓу кои е и репликата на славната велешка гемија, четири дена пловејќи по Вардар ќе ја зaжвеат старата традиција, кога со дрвени гемии се одело на трговија во Солун.Годинава она што регатата ја прави поразлична од претходините, е учеството на преставници на Бугарскиот црвен крст и Извидничкиот одред од Ниш, Србија.За безбедноста на учесниците ќе се грижат 16 спасители од велешкиот Црвен крст.

И оваа регата ќе заврши во Гевгелија. Организаторите, здружението „Вардарска регата Гемиџии“ се надеваат наредната регата да биде пловна до Солун.Вардарската регата се организира во чест на славниот подвиг на Гемиџиите  и традицијата на велешките трговци кои своите производи на дрвен сплав ги превезувале и купувале стока за велешани од солунскиот пазар.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …