Планинарското Друштво “Кожуф” Гевгелија го организира 22- ри Традиционален планинарски марш Перо Илиевски – Ума кој ке се одржи на ден 19.04.2015год. ( недела ) на планината Кожуф по следната маршута: Поаѓање од пред спортската сала ДТВ Партизан – Гевгелија во 07.30 часот. Со автобуси се оди до село Конско,потоа пеш до Планинарски дом „Томе Шутов- Кротки” каде што организаторот Планинарското Друштво Кожуф Гевгелија има обезбедено чај за секој учесник.
Од планинарскиот дом се продолжува со пешачење кон село Ума,попатно освежување со локум и друго. Пристигнувањето во село Ума е во 12 часот,полаѓање цвеќе на спомен плочата на Перо Илиевски е во 13 часот а потоа следува заеднички ручек за сите учесници ( планинарско гравче) обезбедено од организаторот на маршот. Поаѓање од село Ума кон местото Лековита вода каде што ке чекат автобусите за враќање назад е во 15.30 часот,а поаѓање на автобусите од Лековита вода кон Гевгелија во 17 часот. .
- Секој учесник е должен да си носи прибор за јадење.
- Превоз од Гевгелија до село Конско и од Лековита вода до Гевгелија е 50 денари за секој учесник
Лица за контакт:
- Картов Ристо 078-455-966
- Карагонова Милена 078-207-640
