25ти Коледарски Хепенинг во Гевгелија


Дваесет и петтиот традиционален „Коледарски хепенинг“ и годинава ќе се одржи на 5 јануари, во петок, во пресрет на големиот христијански празник Божик.

Коледарскиот оган ќе биде запален на ракометното игралиште, во Градскиот стадион, во Гевгелија, со почеток во 19:30 часот. И оваа година граѓаните на Гевгелија и пошироко заедно ќе ги прослават и ќе  си ги честитаат празниците, ќе уживаат во богатата музичка програма во изведба на гевгелиски пеачи и ансамбли. Сето тоа ќе биде проследено со топол чај, лесна закуска и вино, покрај големиот коледарски оган, каде ќе бидат поделени бадниковите гранчиња за здравје, среќа и бериќет во новата година. Јубилејниот „Коледарски хепенинг“ сите овие години е настан кој ги сплотува граѓаните на  општина Гевгелија со поддршка на коледарско-бадниковата традицијата.

Коледарски огнови ќе бидат запалени и во другите населени места во општината, а верни на традицијата ќе бидат и жителите на Негорци, кои и оваа година, по 21 пат, ќе го запалат коледарскиот оган. Скоро целото населено место се очекува да присуствува на атрактивното палење на шупливото јаворово дрво, високо десетина метри, донесено специјално за оваа пригода. Жителите на Негорци се посебно горди на својата манифестцаија, не само поради големината на огнот, како што велат, туку и поради тоа што единствено кај нив се палат стари и шупливи дрва кои повеќе не вегетираат.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …