На 22 меморијален планинарски марш, во сеќавање на Перо Илиевски, еден од основачите на планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија, кој се одржа на 19 април учествуваа околу 300 планинари.
Станува збор за членови на планинарските друштва од југоисточниот регион, меѓу кои повеќето млади. Тие рекреираа и маршираа по патеката меѓу селата Конско и Ума, каде што беше приреден заеднички ручек. Потоа маршот продолжи до месноста Лековита Вода од каде што со автобуси учесниците беа вратени во Гевгелија.