Марија Бојкова, ученичка од четврта година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија наградена е добитник на наградата на фондацијата Никола Кљусев, заедно со ште четири средношколци од земјата.
На наградниот конкурс на оваа фондација, поддржан од министерството на култура на РМ, на тема „Македонија-ја создавам јас““ биле поднесени илјада прозни и поетски творби.
-Младите се иднината на Македонија. Нивниот талент и насока треба да се негуваат од најраната возраст. Преку поттикнување на творештвото кај младите, сакаме да им помогнеме да ја откријата својата дарба и да ја развиваат креативноста и убавиот збор, а со постигнатиот успех да им послужат за пример на своите соученици, напишала ученичклата Марија Бојкова во наградениот труд, под менторство на професорката Бисерка Гунова..
Наградената покрај комплет книги и сертификат за учество, се состои и од ваучер со 25% попуст за тригодишно студирање на Американ колеџ во Скопје.
Останатите творби се отпечатени во збирката „Мојата иднина – ја создавам јас“.