Во Гевгелија на 15 и 16 јуни 2016 година се одржа 43. годишно собрание на Библиотекарското Здружение на Македонија.
Собранието го отворија Дамјан Ѓуров, директор на Библиотека Гоце Делчев од Гевгелија и Благој Николов, претсседател на здружението.Првиот ден од собранието беше работен дел на кој беа презентирани стручни трудови на три теми- Библиотеките поврзуваат луѓе,заедници,нации, Позиционирање на библиотеките во општеството базирано на знаење и Библиотекарството во Македонија и новото време
На вториот ден од ова собрание на беа избрани нови тела на Библиотекарското здружение за периодот од 2016-2018 година, како комисии за доделување на библиотекарски награди-Климентова повелба 2016 и Библиотека на годината.