Општина Гевгелија изведува, одржува и развива систем за управување на квалитет со барањата на стандардите ИСО 9001:2008 и ИСО 9001:2015. Тоа значи дека општината, покрај ИСО 9001:2008 стандардот, се здоби и со ИСО 9001:2015 стандардот.
Ова го констатира Словенечкиотм институт за квалитет (SIQ) по извршената редовна проверка на примената на ИСО 9001:2008 стандрадот, како и преодната проверка за добивање на стандардот ИСО 9001:2015.
Притоа, во извештајот се констатира дека општина Гевгелија успешно го применува системот за управување на квалитетот на услугите кон граѓаните. Истовремено, се констатирани и повеќе позитивни констатации, како што е отворената комуникација преку Системот 48 часа. Исто така, позитивни резултати се забележани во рализацијата на проектите за локалниот економски развој, посебно во интензивната меѓународна соработка. Станува збор за реализираните или проектите во фаза на реализација преку ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Грција и Бугарија.
Извор: Општина Гевгелија