Нов музички талент наречен DJ TightBeats


Во гевгелиските локали се роди нов музички талент Иван Гавриловски или попознат во околината како Dj Tight Beats, момче што ужива да ги забавува најмладите.

gvglive.mk: gvglive.mk сака да им ги откриеме на нашите читатели кои се Вашите први допирни точки со музиката и како дојдовте до ова што сте денес?

Иван: Сакам да потенцирам дека за мојот влез во музичкиот свет се најзаслужни моите родители кои го проценија мојот капацитет уште од мои мали нозе. Посетував основно музичко училиште, свирев на клавир и имав учествувано на повеќе концерти. Имам освоено прво место во категорија на четирирачно свирење на национално и меѓународно ниво. По завршување на основното музичко училиште продолжив да експериментирам со нотите на мој начин што ме наведе да започнам да комбинирам различни песни со исти акорди. Оваа идеа сакав да ја спроведам на поинаков начин со тоа што се посветив на комбинирање на песни од Хип Хоп и РнБ. Успеав да се препознаам во овој жанр и сфатив дека музиката всушност ми претставува пасија. Тоа беа моите први средби со РнБ и Хип Хоп…сè до денес.

gvglive.mk: Која е музиката што најчесто ја  пуштате на Вашите настапи?

Иван: Преферирам два жанра: Хип Хоп и РнБ, но исто така сум голем љубител на ЕДМ (Electronic Dance Music), која ја миксам со Хип Хоп вокали.

gvglive.mk: Дали мислите дека Гевгелија знае добро да се забавува, и што е тоа што ни недостига за подобар ноќен живот?

Иван: Гевгелија е прекрасен град со култивирана млада популација која ги следи трендовите, но сепак сметам дека недостасува една модерна дискотека која ќе функционира во текот на цела година.

gvglive.mk: Под кое име Иван настапува во ноќните клубови?

Иван: Настапувам под псевдонимот “Tight Beats”  (Цврсти удари).

gvglive.mk: Дали планирате нешто авторско во најскоро време?

Иван: Ја користам оваа прилика да го најавам моето прво авторско парче кое е во соработка со други лица кои веќе се докажале како извонредни продуценти.

gvglive.mk: Како можат да те контактираат за настапи и дали често ги одбиваш поради презафатеност?

Иван: За контакт најлесен начин се социјалните мрежи кои се актуелни денес, како што е мојата фан-страница на Фејсбук http://www.facebook.com/tightbeats1 , или мојот личен профил.

gvglive.mk: На што сте најмногу горди во Вашата кариера?

Иван: На еден мој перформанс во Клуб „Бонанза“ од Богданци. Се сретнавме со Тони Зен кој пред присутните јавно ми даде поддршка за понатамошна афирмација на мојот талент.

gvglive.mk: Имате навистина верни фанови на кои не пропуштате прилика да им се заблагодарите. Што би им порачале на читателите на gvglive.mk?

Иван: Искрено им благодарам на сите мои пријатели,другари,следбеници на музиката на “Tight Beats” кои ми даваат потстрек за уште “Поцврсти удари”. Би препорачал да се поддржуваат сите локални артисти и Гевгелија да врие од настани бидејќи нашиот град го заслужува тоа.

gvglive.mk: Што прави Иван во слободно време?

Иван: Малку спортувам кошарка, учам и зависник сум од социјалните мрежи без кои не можам да си го замислам дневниот распоред.

gvglive.mk: Имате ли идол?

Иван: Идоли од Македонија ми се групите “Легијата” и ”САФ”(творци на уличната елегија), како и артистите Тони Зен и Игор Џамбазов, а од светската естрада артистите: Eminem, DJ ESKEI83, DJ Jazzy Jeff, Tyga и Machine Gun Kelly.

gvglive.mk: Нешто што би сакале да додадете, а не Ве прашавме?

Иван: Обожавам да работам во доцните часови затоа што тишината ми е најдобриот сојузник и ми дава инспирација.

gvglive.mk: И за крај кое е животно мото кое Ве води?

Иван: Be yourself  because everyone else is already taken.

[sc:tajtbits]

 

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Во Гевгелија, бројот на деца со говорна мана е сè поголем, не постои најдобро време за почнување со терапија

РАЗГОВОР СО АНЕТА КАРАПЕЕВА, СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ЛОГОПЕД: Во Македонија, речиси една третина од децата на возраст …