Конкретни мерки за подобрување на енергетската ефикасност


Во текот на 2015 година, согласно Акциониот план за енергетска ефикасност, во општина Гевгелија ќе бидат преземени и реализирани повеќе мерки и активности за зголемување на енергетската ефикасност.

Пред се, во објектите на локалните јавни установи, но, и во другите сфери на живеење.  Во тек е реконструкцијата на покривот на Пионерскиот дом во Гевгелија со што ќе се обезбеди значително подобрување на енергетската ефикасност во оваа јавна установи. Проектот се реализира со финансиска поддршка од ИПА-ППС со Бугарија, а во соработка со општина Банско.

Покрај ова за годинава е предвидена и реконструкција на покривот во ООУ „Владо Кантарџиев“, замена на покривот на училишниот објектот на ООУ „Климент Охридски“ во Миравци, како и на покривот на објектот  на ООУ„Ристо Шуклев“ во Негорци. Предвидени се и повеќе мерки за енергетска ефикасност во ЈОУ ДГ „Детска радост“, и тоа; во детските градинки „Сончогледи“; „Негорци“ и „Миравци“. Покрај замената на фасадите на овие објекти, кое наскоро започнува, предвидена е и реконструкција на покривот на градинката во Миравци..Со акциониот план се предвидува и замена на улично осветление со штедливи сијалици, а ќе биде изработена и студија за искористување на алтернативните извори на енергија.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …