Од први до шести јуни во организација на Јавната општинска установа библиотека „Гоце Делчев„ ќе се одржи саемот на книга насловен како „Карван на книгата“ на издавачката куќа „Три“.
Од 1 јуни па сè до 11 јули, Карванот на книгата на ТРИ повторно доаѓа блиску до читателите. Најголемите и најактуелните книжевни хитови на Уелбек, Бегбеде, Коелјо, Спаркс, Миралјес, Мураками, Памук… се само некои од бестселерите кои гевгеличани ќе можат да купат повеќе од 100 наслови со неверојатен попуст до 70 %. Инаку караванот, освен Гевгелија ќе ги посети и градовите Прилеп, Струмица , Штип, Куманово и Битола.