2nd Car Show Gevgelija


На 7ми Јуни оваа година ќе се одржи второто Car Show во Гевгелија – а судејќи по минатогодинешниот настан, и оваа година нè очекуваат многу автомобили, одлична забава и одлично дружење! Организаторите ветуваат дека овогодинешното Шоу ќе биде најголемото во републиката, и најавуваат присуство на преку 400 возила! Пријавените возила ќе се натпреваруваат во 5 различни категории – и тоа Oldtimers, Youngtimers, Tuned Cars, Sound Quality Check и All Cars.

Оние кои сè уште не се пријавиле, а планираат да учествуваат во натпреварот можат тоа да го направат на tuningshowgevgelija@yahoo.com, и притоа да ги остават основните податоци за возилото: марка, модел, регистарски број, категорија во која ќе се наптреварува возилото, како и фотографија од истото. Кар шоуто во Гевгелија беше еден од најдобро организираните настани минатата година.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …