Општина Гевгелија организира јавна презентација и јавна анкета по Архитектонско-Урбанистички проект за уредување и поделба на ГП 2.01 со намена Б5 хотелски комплекс, дефиниран со УПВНМ за мултинаменски стопански комплекс на потег Гевгелија-граничен премин Богородица.
Граници на опфатот се : на север по осовината на сервисна улица 3, на запад по осовината на сервисна улица 4 и на југоисток по осовината на крак на сервисна улица 4. Опфатот е со површина од 36 363 м2.
Јавната анкета и јавната презентација по АУП за уредување и поделба на ГП 2.01 со намена Б5 хотелски комплекс, дефиниран со УПВНМ за мултинаменски стопански комплекс на потег Гевгелија-граничен премин Богородица Општина Гевгелија, ќе се спроведе со излагање на АУП во просториите на малата сала на Народниот театар во Гевгелија.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 3 јули 2015 година, во 11:00 часот, во просториите на Народниот Театар во Гевгелија. Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од 03.07.2015 до 09.07.2015, а во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.