Изведбени работи на неколку локации во општината


Градоначалникот на општина Гевгелија ги посети изведбените работи на неколку локации во општината кои се одвиваат во рамките на програмките активности за 2015 година.

Имено, на новиот Градски пазар во Гевгелија се одвиваат работите на третата хала и според изведувачот работите се одвиваат според планираната динамика. Во моментот, исто така, се гради Армиран бетонски пропуст во Милетково, на патот кон Габровска брана, а на патот за Ума во тек се чистењето на канавките и отстранувањето на одроните.

Градоначалникот Франгов информираше дека во завршна фаза е и реконструкцијата на Пионерскиот дом, која се изведува во рамките на проектот што заеднички го реализираат Гевгелија и бугарската општина Банско со финансиска поддршка од ИПА-Програмата за прекугранична соработка. Покрај новиот покрив, кои ќе овозможи повторно профункционирање на оваа установа, во Пионерскиот дом ќе биде отворена и нова читална за најмладите, која веќе е опремена со компјутери и мебел.

При посетата на улицата „Мице Шаренков“ во Гевгелија, каде што по обилните дождови има пропаѓање на асфалтот на новоизградената атмосферска канализација, градоначалникот побара да биде  известен веднаш изведувачот на атмосферската канализација, кој во наредните денови треба да ја санира ситуацијата.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …