КУД Танец од Миравци се врати од Хрватска


Членовите на КУД “Танец” од Миравци синоќа се вратија од успешната турнеја во Република Хрватска.

Тие на покана од Друштвото на изворен фолклор “Копривнички Иванец” учествуваа  на манифестацијата ” Иванечки кресови” која оваа година се одржуваше по 27-ми пат. На оваа манифестација четириесеттината членови на “Танец” се претставија со три кореографии- Водарки, Песни , игри и ора од Источна Македонија и Песни , игри и ора од Повардарието кои предизвикаа воодушевување кај хрватската публика.

Пред настапот членовите и управата на КУД “Танец” беа примени од  жупанот на Копривничко-Крижевачката жупанија Дарко Корен. Покрај нив на оваа манифестација настапија и играорци од културно-уметнички друштва од повеѓе градови од Хрватска.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …