Верувањето во младите е верување во иднината


Тони Аврамов, професор и новинар, поет,  организатор на неколку културни манифестации и човек кој секогаш ги поддржува младите.

gvglive.mk: Гевгелија Ве знае како новинар кој долги години и е доследен на телевизијата, но истовремено сте и професор, како го наоѓате спојот меѓу овие две професии?

Тони: Започнав со новинарството, во мај 2004, а малку подоцна станав професор. Кога би бирал меѓу двете, сепак би избрал професор  затоа што тоа е мојата животна определба – професор по македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик. Книжевноста ја носам во срцето уште од училишните клупи, тогаш кога се обидував да ги создадам првите стихотворби и рецитали, тогаш кога гевгелиската јавност ги читаше моите творби по тогашните печатени медиуми и радија.12434381_10207277811054909_291447482_n

Новинарството дојде како желба да ù се подари на Гевгелија проект кој ќе ја промовира и величи, проект кој ќе ги покажува минатото и сегашноста. Мојата прва емисија беше во мај 2004 година со име „Омнибус“ на тогашната телевизија Канал 12, а продолжи  на ТВ НОВА под името „Од станица до граница“, која и денес се емитува.  Сепак од таа 2004 година поминаа веќе 21 година работа во новинарството и за тоа време создадов неколку документарни филма кои сè уште се дел од програмите на телевизиите во Македонија и на МТВ.

На прашањето која професија ми е помила, не можам да одговорам, затоа што и едната и другата си имаат свои предности, свои убавини. Како професор се чувствувам релаксирано и исполнет затоа што дружам секојдневно со млади луѓе, а како новинар не сум секогаш спокоен, затоа што постојат и лоши примери кои ме научиле да бидам истраен, но не и секогаш доследен, а тоа се должи на општетствеите промени, но и на владеењето на различните политички структури.

gvglive.mk: Проект којшто успешно го работите поголго време е  “Клуб Јоска”. Најпрвин, ако можете да откриете од каде потекнува името, кои се ваши сегашни проекти и што планирате во иднина?

Тони: Клуб „Јоска“ настана како проектна активност во СОУ „Јосиф Јосифовски“, затоа е и такво името, по патронот Јоска. Искрено не се надевав дека ќе работи динамично и забрзано. Некогаш не можат и да се постигнат сите обврски што ги налага клубот и учениците. Но сепак, ако не се учениците и нема да имаме напредок. Од нив ги добивам идеите и насоките на работа. Така од едно литературно катче прерсанавме во клуб кои има повеќе дејности. Мора да се пофалам дека добивме повеќе републички признанија со учества на натпревари, меѓутоа една секогаш мислам дека ќе биде најважна, а тоа е наградата од УНИЦЕФ и Министерството за образование и наука на РМ за филмот „Рукије“ кој од  174 проекти на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ беше прогласен за најдобар. Таква награда не верувам дека некогаш ќе се повтори.

12436042_10207277808214838_114460034_n

gvglive.mk: Скоро беше одржана манифестација во која што и вие учествувавте наречена “Пееме за Гевгелија”. Во склоп на манифестацијата беше промовирана и ученичката стихозбирка “Во срцето мое танцува младост”. Беше ли тешко да се изработи овој проект и дали планирате повеќе вакви проекти во иднина?

Тони: Некако работите се поврзуваат, односно едни произлегуваат од други. Драмската група „Дон Киот“ веќе петта година ја организира манифестацијата „Пееме за Гевгелија“, така што со нивна соработка ја реализиравме и промоцијата на книгата.  Стихозбирката е производ на Клуб „Јоска“ кој неколку години ги собира творбите на оние кои  членуваат во него. Го имав задоволството во претходните неколку години да работам со ученици кои се вљубеници во поезијата па оттука и не беше тешко да се отпечати стихозбирката.

gvglive.mk: Исто така сте вклучени во организацијата на поетско-музичката вечер „За тебе љубов моја“ и „Смоквијада“.

Тони: „За тебе љубов моја“ е манифестација која ја живее својата 17 година, една од најстарите и најреспектирана во градот. Сепак нејзиното опстојување не зависи само од нас организаторите, туку и од  општината. Доколку советниците од општина Гевгелија сметаат дека на градот и е потребна ваква манифестација треба да придонесат и да се залагаат таа да ги добие потребните средства за реализација, да ги симнат маските и да ги фрлат предрасудите, културата треба да биде обременета од политиката.

12463680_10207277811014908_1984204632_n

„Смоквијада“ пак е проект на ЗГ „ТеРа“, која веќе девет години успешно се снаоѓа во организирањето на манифестацијата. Напорна е работата на Смоквијада, но истовремено таа пружа нови познанства и задоволства кои остануваат во душа како спомен кој верувам дека ја испишува новата историја на културна Гевгелија.

gvglive.mk: Порака до читателите на gvglive.mk

Тони: Повеќе да се почитуваме, да ги надминуваме разликите на разумен начин и пред сè да не заборавиме дека сите сме овде во ист град, на исто место. Не постојат други креатори на нашите животи освен самите ние, затоа колку и да сме различни во размислувањата, толку да бидеме посилни во сплотувањата.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Во Гевгелија, бројот на деца со говорна мана е сè поголем, не постои најдобро време за почнување со терапија

РАЗГОВОР СО АНЕТА КАРАПЕЕВА, СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ЛОГОПЕД: Во Македонија, речиси една третина од децата на возраст …