Започна изградбата на уште 2 км од патот Негорци-Серменин, кој проект заеднички го финансираат Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и општина Гевгелија. Имено, преку ИПАРД програмата на општина Гевгелија и беа доделени 11.184.801 денар за реализација на овој проект, додека од општинскиот буџет ќе бидат издвоени уште 2.964.303 денари за изградбата на предвидените 2 км. Изведувач на работите е градежната фирма Мак-инжинеринг.
Инаку, претходно со доделените 18,9 милиони денари од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија беа изградени 2 км од овој пат. Првично, со обезбедените 350.000 евра од Владата на РМ, во рамките на кредитната линија од Европската инвестициона банка, беа изградени најоштетените 4,5 километри од патот Негорци-Серменин. Исто така, беше изграден и дополнителен 1 км со средства од буџетот на општина Гевгелија, за што беа издвоени 7,4 милиони денари.
Со најновата финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува изградбата на овој пат до потпланинското село Серменин, кое што последниве години повторни се обновува.
*Извор на информација: веб-сајт на Општина Гевгелија