Планинарското Друштво “Кожуф” Гевгелија го организира 23ти Традиционален планинарски марш Перо Илиевски – Ума кој ке се одржи ден 24.04.2016год.(Недела) на планината Кожуф по следната маршута:
Поаѓање од пред спортската сала ДТВ Партизан – Гевгелија во 7-30 часот.
Со автобуси се оди до село Конско,потоа пеш до Планинарски Дом Томе Шутов-Кротки каде што организаторот Планинарското Друштво Кожуф Гевгелија има обезбедено чај за секој учесник,од планинарскиот дом се продолжува со пешачење кон село Ума,попатно освежување со локум и друго.
Пристигнување во село Ума во 12 часот,полаѓање цвеќе на спомен плочата во 13 часот а потоа заеднички ручек за сите учесници (планинарско гравче) обезбедено од организаторот на маршот.Секој учесник е должен да си носи ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ.
Поаѓање од село Ума кон местото Лековита вода каде ке чекат автобусите во 15-30 часот,поаѓање на автобусите од Лековита вода кон Гевгелија во 17 часот.
Превоз од Гевгелија до село Конско и од Лековита вода до Гевгелија е 50 денари за секој учесник.
Сите планинарски друштва од Македонија кои планираат да учествуват на маршот должни се да го најават своето учество најкасно до 20.04.2016год.(Четврток).
Лица за контакт :

Картов Ристо 078-455-966
Карагонова Милена 078-207-640