Општина Гевгелија веќе ги презеде потребните подготвителни активности поради најавените влошени временски услови, согласно донесениот годишен оперативен план за зимски услови.
По одржаниот состанок на градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов со надлежните општински служби и ЈПКД„Комуналец“, беше извршена проверка на сите степени на приправност. Во пунктот на ЈПКД„Комуналец“ се наоѓаат 15 тони сол и 35 метри кубни ситна песок. Овие количества се доволни за потртебите на градската улична мрежа и локалните патишта во случај на пообилни снежни врнежи.
Во оперативниот план се утврдени приоритетните мерки за дејствување во случај на голомразица и снег, како и улиците кои ќе бидат опфатени со овие мерки. ЈПКД„Комуналец“ располага со потребната механизација, пред се, утоварувач, возило за чистење на снег, трактор со приколка и скипер, кои се подготвени за дејствување во градското подрачје, поточно, во Гевгелија и во Миравци.
Додека за расчистување на локалните патишта е задолжена фирмата Карго рент, избрана по пат на тендер за заштита во зимски услови. Оваа фирма располага со потребната механизација за дејствување при пообемни врнежи од снег. Во сите надлежни установи, претпријатија и фирми, опфатени со оперативниот план за дејствување во зимски услови, веќе се преземени подготвителните активности, а се контактирани и месните заедници во населените места заради информирање и контактирање.