Во четвртфиналето на Кошаркарскиот куп на Македонија, кој годинава се одржува во Кавадарци, гевгелиски Кожув се среќава со минатогодишниот бранител на титулата МЗТ Скопје.
Имено, со жрепката која беше извршена денеска во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија, одредени се двојките за четвртфиналето во „Лимак Купот на Македонија 2017“.
Условно “домаќинот” на завршниот турнир, Фени Индустри за место во полуфиналето ќе се бори со АВ Охрид. Најтрофејниот македонски клуб Работнички ќе игра против Куманово, додека во последниот четвртфинален меч ќе играат Карпош Соколи и Вардар.
Покрај дуелите во машка ќе се играат и натпреварите во женска конкуренција.
Завршницата на „Лимак Купот на Македонија 2017“, ќе се одржи од 17 до 19 февруари во Кавадарци.
Извор: Општина Гевгелија