Програма за 7-ноември, денот на Општина Гевгелија


Денот на општина Гевгелија – 7 ноември ќе биде одбележан со богата програма, која започнува на 3 ноември (петок) со традиционалната фолклорна манифестација  ФОЛКЛОРЕН ЃЕРДАН, што ја организира Пионерскиот дом во Народниот театар со почеток од 20 часот.

Наредниот ден, на 4 ноември (сабота) во Ликовната галерија „АМАМ„, со почеток во 20 часот ќе биде отворена  Изложба на Друштвото на ликовните уметници од Гевгелија.

Во пресрет на празникот, на 6 ноември во 19 часот, во хотелот „Аполонија„ ќе биде  промовирана книгата Митот и стварноста на русалиите од Даниела Џишева.

На самиот Ден на општина Гевгелија – 7 Номеври во 11 часот ќе се полага цвеќе на спомен обележјата во Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …