Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денеска се сретна со Франсоа Салам Гуех, програмски менаџер на Државниот секретаријат за економски прашања при Швајцарската влада (SECO) и со претставници на Амбасадата на Швајцарија во нашата земја.
Непосреден повод за средбата беше изградбата на Пречистителната станица во Гевгелија, која е во завршна фаза, а најголем донатор е токму Швајцарската влада. Станува збор за проект вреден 9,7 милиони евра, за чија рализација покрај главниот донатор е обезбедена финансиска поддршка од Владата на Република Грција и Владата на Република Македонија.
-Во општина Гевгелија имаме многу важен проект, кој се надеваме да профункционира во наредните месеци. Но, и потоа ќе биде потребна Вашата поддршка. Наша основна цел е да ја пуштиме Пречистителната станица во функција, а посебно задоволство ќе ни биде кога ќе навратиме, по две-три години, да ги видиме бенефитите од овој проект. Тоа ќе биде и поттик за унапредување на нашата идна соработка, рече проект менаџерот Франсоа Салам Гуех.
Градоначалникот Сашо Поцков заблагодраувајќи се на донацијата и досегашната успешна соработка нагласи дека Пречистителната станица претставува капитална инвестиција во општина Гевгелија, која покрај еколошките бенефити, ќе има и големо значење за поттикнување на локалниот економски развој. Профункционирањето на Пречистителната станица ќе овозможи реализација на две значајни предвидувања поврзани со економскиот развој. Ќе се создадат услови за приклучување на граничниот премин Богородица, хотел-казината и другите објекти од источната страна на реката Вардар, кои проблемот со отпадните води го решаваат самостојно, преку пречистителни станици, кон Пречистителната станица, лоцирана на другата страна од крајбрежјето. На само пет километри од Гевгелија, крај автопатната делница, се наоѓа технолошко-инвестиционата зона ТИРЗ„Прдејци“, која допрва треба инфраструктурно да се уредува, рече Поцков залагајќи се за натмошно продолжување и унапредување на соработката со SECO.
По средбата се одржа состанок на Комитетот за следење на активностите околу реализацијата на Пречистителната станица, на кој покрај претставниците на Швајцарската влада, присуствуваа и претставници на Грчката канцеларија за врски во нашата земја, на Министерството за животна средина во РМ, а во чија работа учествуваше и градоначалникот Сашо Поцков.
Извор: Општина Гевгелија