По деветти пат, Кинелошкото друштво „Кожуф“ на 12 и 13 мај, ја организираше Меѓународната изложба на кучиња „Гран при Гевгелија 2018“.
Два дена на терените на Негорски бањи, пред многубројните љубители на овие племенити домашни миленичиња, се претставија над 200 расни кучиња од повеќе европски земји.Се одржаа две ЦАЦИБ натпревари како и специјални претставување за Кане Корсо, Дого Аргентино и за 9 ФЦИ групи.
Наградата Гран-при оваа 2018 година му припадна на Стафордшир бултериерот во сопственост на господинот Панајотис Босинис од Грција.Судии од Македонија,Турција, Италија, Грција и Србија ги оценуваа пријавените кучиња кои се натпреваруваа во повеќе класи и тоа: бејби класа, класа на најмлади, класа на млади, интермедија, класа на работни кучиња, класа на шампиони и ветерани. Oценувањето беше насочено на изгледот на кучето во неговата раса почнувајќи од неговата висина, боја на влакното, обликот на телото, обликот на главата, ушите и очите, како и аглите на нозете и држењето на опашот.
Извор: Општина Гевгелија