Викендов пионерско-младинската школа на ФК Кожуф го одигра третото коло од Втората младинска лига на Република Македонија, кадетите и младинците во саботата гостуваа во Куманово додека пионерите и помладите пионери беа домаќини на екипата на Милано.
Вчера кадетите и младинците претрпеа порази, денес пионерите ремизираа а помладите пионери изгубија од своите врсници од Куманово.За првпат после долги години на градскиот стадион во Гевгелија се одиграа натпревари во пионерско-младински категории.ФК Кожуф годинава во системите на натпреварување на ФФМ за млади категории ќе учествува со седум генерации на деца.
Денес на натпреварот на пионерите се случи еден немил настан, при еден удар на гол на теренот остана да лежи Илија Атанасов еден од најдобрите поединци во пионерската екипа кој после интервенцијата на физиотерапевтот на клубот и лекарската екипа при брзата помош беше хоспитализиран на хирургија во болницата во Гевгелија каде беше констатирана двојна фрактура на долниот дел од потколеницата.Раководството на ФК Кожуф упатува голема благодарност до лекарскиот тим на брзата помош како и до комплетниот тим на хирургија и до Др. Савко Паноров за нивниот несебичен и крајно професионален ангажман за санирање на оваа несекојдневна повреда.
Исто така на нашиот играч Илија Атанасов му посакуваме што побрзо заздравување и враќање на зелениот терен.
Извор: fckozuf.com