„Контактот“ помеѓу возило „Ланд Ровер“ и велосипед го оставил велосипедистот со тешки телесни повреди
На 05.11.2025 во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул. „Моински Пат“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ланд Ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.П.(62) од Гевгелија и велосипед управуван од Г.Б.(51) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Г.Б., констатирани во Општата болница Гевгелија.
По извршените проверки констатирано е дека повредниот велосипедист Г.Б. бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта.
Извор: ГЕВГЕЛИЈА НЕТ