Општина Гевгелија воведе забрана за пиење на водата од пет јавни чешми на нејзината територија, откако редовните лабораториски испитувања покажаа дека водата на тие локации не ги исполнува условите за безбедност и квалитет.
Според официјалното соопштение од Општината, засновано на резултатите од Центарот за јавно здравје во Велес, водата не е безбедна за пиење на следните мерни места:
• Природната чешма „Мурџева“ во Негорци
• Спомен-чешмата „Катерина“ во Конско
• Природната чешма на патот во Старо Конско
• Природната минерална чешма во Смрдлива Вода
• Водата од локалниот водовод во Смрдлива Вода