Празникот Св. Трифун ќе се одбележи и кај нас


Лозарите и винариите од гевгелискиот крај и оваа година се подготвуваат да го одбележат   големиот христијански празник Св. Трифун.

Во сите населени места, на сите лозови насади, сопствениците на винарии, лозарите и нивните семејства со богата гозба, вино и музика ќе го направат вековниот адет на закројување на лозјето. Се верува дека Св. Трифун е чувар на лозјата и другите посеви од разни штети, а е заштитник на лозарите и кафеанџиите. На овој ден кога се закројуваат лозјата започнува пролетта, се буди природата и љубовта кај луѓето. Овој голем православен празник е надеж за лозарите дека родот ќе биде добар и ќе произлезе добро вино .

Централната прослава на Св.Трифун ќе   се одржи  во  населеното место  Прдејци. Свеченото одбележување на Денот на лозарите ќе започне  во 11.30 часот со црковната литургија во црквата „Света Петка„, а потоа во дворот на црквата ќе биде извршено симболично закројување на лозјата. Традиционалната веселба на лозарите продолжува  во ресторанот „Стар“. Св.Трифун  дава надеж за добра берба. Закројувањето е еден вид на креација кој претставува обред, но во тоа има и содржина.Се офромува идниот род и според процентот на здрави окца на лозјето, лозарите ќе знаат што да очекуваат.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …