Почна реконструкцијата на регионалниот пат Гевгелија-Негорци, која е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на РМ, која се реализира на територијата на општина Гевгелија, а за која се издвоени вкупно 180 милиони денари. По гребењето на стариот асфалт и негово тампонирање, целиот пат, во должина од 6,5 …
Повеќе...Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на УП
Општина Гевгелија го објави Јавниот повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови, согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Јавниот повик ќе трае од 6.11.2018 година до 7.12.2018 година (триесет и еден ден сметано од денот на објавата). Јавниот повик е објавен на веб страната …
Повеќе...Наградени млади физичари
Учениците Илија и Софија Иванови од 6 одделение во ООУ„Крсте Мисирков“ ја освоија првата награда на “Месецот на науката” кој се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Високото признание младите физичари од Гевгелија го добија за експериментот “Противпожарен апарат”, изработен под менторство на Тодорка Николова. И тоа, во конкуренција …
Повеќе...Кожуф рутински до бодовите
ФК Кожуф прокнижа нови три бода против цврстата екипа на Плачковица. Уште од самиот старт домсќините тргнаа фуриозно и им дадоа до знаење на гостите дека нема што да бараат во Гевгелија. За 1-0 по една школска акција прецизен беше Ристовски со прекрасен гол од 18 метри. По постигнатиот гол …
Повеќе...Набавен нов ровокопач во ЈПКД „ Комуналец“
Во ЈПКД „Комуналец“ набавен е нов ровокопач и со тоа е збогатен возниот, односно паркот на механизацијата на ова јавно претпријатие. Истовремено, се создадени услови претпријатието самостојно да ги обавува работите при изведба на нови канализациони и водоводни линии. Станува збор за машина која е набавена за 60.000 евра, по распишаниот …
Повеќе...Фолклорен Ѓердан 2018
Одбележувањето на Денот на ослободувањето на Гевгелија-7 Ноември започнува со традиционалната манифестација Фолклорен ѓердан. На 2 ноември 2018 година, во петок, во Народниот театар во Гевгелија, ќе настапат КУД Браќа Толеви од Прдејци, КУД Јане Сандански од Неготино, ансамблот Бојмија од Гевгелија и фолклорниот ансамбл Мегдан од Богданци. Специјални гости …
Повеќе...Гевгелија доби нови канти за отпадоци
Гевгелија доби нови канти за отпадоци. ЈПКД„Комуналец“ набави нови 60 канти за отпадоци, кои веќе се поставуваат во централното градско подрачје. По десет години ова е првата замена на постојните и дотраените канти за отпадоци во центарот на градот. Во ЈПКД„Комуналец“ нагласуваат дека употребливите канти за отпадоци кои се заменуваат …
Повеќе...Во недела без струја ќе биде поголем дел од Гевгелија
Од ЕВН ги известуваат корисниците на електрична енергија дека на 4 ноември 2018 година, и тоа, од 7 до 17 часот, без напојување со електрична енергија, заради итни интервенции на високонапонските водови ќе бидат корисниците од село Мрзенци, Оранжерии Прдејци, фирмите Технопродукт, Житопром, сервис Тефтер, Оксија, Ледра, Империјал табако, Меркјури, Мателен …
Повеќе...Гевгелиската публика воодушевена од претставата „НА ЗДРАВЈЕ“
Премиерната изведба на претставата „На здравје“ на аматерската театарска група „Дон Кихот“, а во продукција на ЈОУ „Дом на култура“ ги воодушеви гевгеличани. Најдобра потврда за тоа беше преполната сала на Народниот театар во Гевгелија. Публиката со долготраен аплауз ги награди Фибро, Вероника, Алек, Јулие, Мартин, Доминик, Љупче, Докторот, Владислав, …
Повеќе...Поставен првиот полнач на електрични автомобили
Во Гевгелија е поставен првиот полнач за електрични автомобили, кој го постави ЕВН, на паркинг просторот во центарот на градот. Полначот овозможува истовремено да се полнат и две возила, поради што се резервирани и две паркинг-места. Донацијата е исто така начин за подигање на свеста за заштита на животната средина, …
Повеќе...
gvglive.mk Дознајте први за случувањата во Гевгелија и регионот.