kichukova

Изложба на ликовната група „Пресек“

Во организација на Пионерскиот Дом Гевгелија во четврток, на 18 ти октомври во просториите на Народниот Театар во Гевгелија ќе биде отворена изложба на ликовната група Пресек. Ликовната група “Пресек” е  проект на четири  сликари од Струмица. Индивидуалноста во визуелната манифестација на овој проект смело сведочи за автори формирани во …

Повеќе...

Младите музички виртуози

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Ѓумар“ ќе гостува во Гевгелија во рамките на прославата по повод 40 години Основно општинско музичко училиште „Васо Карајанов“. Под диригентската палка на Дијана Илкоска Имери и со учество на мецосопранот Исабела Димовска, младите уметници ќе изведат дела од Моцарт, Шенберг, Бизе, Бритн …

Повеќе...

„Дон Кихот“ ја подготвува комедијата „На здравје“

Веќе подолг период, во Градскиот театар во Гевгелија, аматерската театарска група „Дон Кихот“, во продукција на Домот на културата од Гевгелија, ги изведува пробите за театарската претстава „На здравје“, со која ќе се претстават пред гевгелиската публика. На една од последните проби, разговаравме со Катица Џишева Дупарова, која заедно со …

Повеќе...

The G Notes ќе настапат на „Охрид – фест 2018“

На 25-от, јубилеен меѓународен фестивал „Охрид фест- Охридски трубадури“, на Поп вечерта, по втор пат ќе настапат младите Гевгеличани Теодора и Глигор Гошев, попознати како „The G Notes“. Насловот на песната, со која тие ќе се обидат да влезат во финалната вечер е „Кој ли ѓавол“. Текстот и музиката се …

Повеќе...

Смоквијада 2018: Сите домаќинства можат да учествуваат на фестивалот

Здружението на граѓани „ТЕРА“, организатори на традиционалниот фестивал на смоквата „Смоквијада 2018 година“  го објави конкурсот за 12-то издание на „Смоквијада 2018“. Според новиот концепт за оваа година, секое домаќинство од Гевгелија и околните населени места ќе може да учествува во натпреварот за варење на слатко од смокви.. Сето тоа, со …

Повеќе...

Ансамблот „Бојмија“ гостува во Неум, Босна и Херцеговина

Ансамблот Бојмија од 17-19 август 2018 ќе учествува на 11 по ред „Вечери на хрватскиот фолклор – Ој камену родни мој„ во организација на Општина Неум и КУД “LINDZO” a по повод општинскиот празник на Неум, Босна и Херцеговина. Тие ќе имаат можност да се претстават пред многубројните туристи и гости, кои …

Повеќе...

Вознемирувачко видео: Негувателка малтретира дете во Гевгелија

Вознемирувачко видео се рашири уште утринава низ социјалните мрежи. На видеото се слуша лелек и детски плач од градинка во Гевгелија. Случајна минувачка го снимила настанот и видно потресена го сподели на Фејсбук. На видеото не се гледа добро дали негувателката го тепа детето што плаче но сепак е објавено …

Повеќе...

Честит Илинден

Денес Македонија ги слави двата Илиндена, првиот,  115 години од Илинденското востание, и вториот, 74 годинa  од заседанието на АСНОМ. Илинден е денот по кој ја определуваме македонската историја, на времето пред двата Илиндена, кога Македонија била поробена, и на времето по двата Илиндена, кога македонскиот народ го дигна својот …

Повеќе...

Второ авиопрскање против комарци

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот го организира второто авио-третирање против комарци во недела наутро, на 29 јули 2018 година. Авиопрскањето се изведе на 5741 ха., односно на целата територија на Југоисточниот плански регион, вклучувајќи ги општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, …

Повеќе...

Дојрански ракувања 2018: Богата и разновидна програма

Манифестацијата „Дојранските ракувања“ која се оддржува далечната 1976 година, и годинава стартуваше со разновидни културно-уметнички содржини. На отворената сцена, на брегот од Дојранското Езеро, во Стар Дојран, веќе се одржаа неколку интересни концерти. Под јаворите настапија Александар Тарабунов,  триото на Пламенка Трајковска, КУД Илинден од Струмица и Ацо Караманов од …

Повеќе...