Electrum Festival којшто се одржа летоска, го привлече вниманието на младите во Гевгелија. Организаторите, Влатко Величковски и Живко Јованов, со нас споделија детали во врска со фестивалот. 
gvglive: Годинава се одржа првиот Electrum festival во Гевгелија. Дали тоа беше прв пат да се организира тој фестивал воопшто?
Влатко & Живко: Да, тоа беше за прв пат во нашиот град и воопшто за овој фестивал.
gvglive: Кажете ни за вашето искуство со фестивали, од овој или од различен тип.
Влатко & Живко: Искуство од фестивал имаме и двајцата, но од надпреварувачки карактер од предходната година, а од електронски карактер како електрум се сретнавме за прв пат во животот.
gvglive: Имавте ли потешкотии во промовирање на фестивалот во овој град?
Влатко & Живко: Кога станува збор за потешкотии и проблеми ги имаме на сите страни околу нас. Промоцијата одеше да речеме малку полесно, за разлика барем од другите обврски кои ги имавме за фестивалот, или барем така на нас тоа ни се причини.
gvglive: Како успевате да постигнете сè сами? Или пак вашиот тим брои повеќе од 2 члена?
Влатко & Живко: Кога е во прашање желбата на самите нас и трудот кој го вложивме, ќе кажеме тешко, но главното е дека завршивме и успеавме на крај. Но, од друга страна имавме и наши блиски кои волонтираа и помогнаа во некои ситни делови и на самиот ден од настанот. Важните работи ги водевме лично, бидејќи од искуство сакавме сѐ да биде сигурно во најдобар ред.
gvglive: Кога да очекуваме ваков сличен настан?
Влатко & Живко: Електрум веќе почна, а неговата ера е планирана да продолжи традиционално секоја година. Но којзнае, сѐ е можно, никој не знае што си носи времето. Една информација е сигурна, очекувајте електрум најт најдоцна до крајот на оваа година. А, за оние кое се заинтересирани нека нѐ следат на facebook страната – Electrum Festival, таму ке бидат информирани поточно.
gvglive: Доколку повторно се одржи, ќе ја задржи ли фестивалот старата локација?
Влатко & Живко: За локацијата се битни многу фактори, од кои едни се финансиите, одобрениjа од државата и публиката. Нас најмногу нѐ интересира публиката, а веке сме запознаени дека тие тоа го сакаат под отворено небо. Засега тоа ке го оставиме во тајност што понатаму за идната 2016.
gvglive: Имате ли некои планови за следните артисти на сцената на електрум?
Влатко & Живко: Како што ви е веке познато дека првата година го имавме најдобриот DJ во Mакедонија за хеадлинер. Плановите се менуваат со самото време, а за тоа кој следната година ќе го дрма подиумот на електрум, сѐ уште е рано да ви го најавиме. Сепак, едно е важно, сите што бевме си поминавме многу лудо па следната година очекуваме уште поголемо лудило од електрум.
gvglive: Какво е чуството на ваша возраст да организирате фестивал во кој уживаа над 250 обожаватели?
Влатко & Живко: Најпрво да се заблагодариме до сите спонзори и секако до двата официјални спонзори кои нѐ поддржаа да го сториме тоа. Да кажеме дека чуството е феноменално и неопишливо со зборови. Сметајки дека ние штотуку ги наполнивме нашите 18 години, би се сметале за најмладите огранизатори во државава кои организирале ваков настан. Да бидеш дел или организатор на фестивал е огромно задоволство и искуство во кое уживавме многу малку, со оглед на организизацијата која траеше околу 6 месеци. Голем поздрав до нашите обожаватели и им посакуваме следната година повторно да го запалиме градот. електрум ние и вие заедно со соединување и многу љубов во кои Dj-ите ке бидат дел од електрум да го прославиме првиот роденден на фестивалот – но овој пат во поголем број.