Денеска попладне пред 16 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија се случила сообраќајна несреќа меѓу две возила од кои едното се запалило. Обидувајќи се да го изгаснат патниците излегле од автомобилот, но пожарот се проширил кон шумскиот појас во близина на автопатот. Возилото било со македонски регистарски таблички со ознака „KU“.

Веднаш интервенирале ТППЕ Гевгелија со две ПП возила и 4 пожарникари. Пожарот во возилото бил веднаш саниран, но шумскиот пожар ги ангажирал гевгелиските пожарниари се до 18:30 часот кога огнената закана била елиминирана. На помош пристигнал и тим на ТППЕ Неготино со едно возило и 3-ца пожарникари. После 18:30 часот на теренот останаа да дежурат вработени од ЈП „македонски шуми“ со цел да ги елиминираат појавите на нови разгорувања на веќе изгаснатиот терен од пожарот.
ИЗВОР: ГЕВГЕЛИЈАНЕТ