Caffe Bar Piazza ви ја најавува најголемата забава до раните утрински часови. 4 DJI се задолжени да се погрижат за истата ноќ да биде исполнета со најдобрите музички хитови.
>>> DJ Lichen
>>> DJ Inomatik
Inomatik – Мики Миноски е хип хоп, р`н`б и трап продуцент и DJ кој активно почнува да се занимава со продукција и пуштање музика во 2014та година. Дотогаш работи на посебни авторски проекти, а од 2014та е проуцент на Донплеја и работи на сите песни од неговите албуми и издадени синглови. Покрај соработката со Донплеја, има соработувано и со многу други артисти и DJ-и од Македонија како што се IrieScratch, Fitty Flow, Joey Dzo, Бон Праскиза и други. Исто така е и дел од првиот македонски трап микстејп издаден од TRAP DA FUCK UP со две авторски песни насловени “Habbit” и “AF1”. Претпознатлив е по своите енергични настапи и спојот на нови и стари хип хоп и трап песни. Неговата цел е да ја рашири модерната музика и урбаното хип хоп движење кое се повеќе зема замав насекаде низ светот.
>>> Cyrillic
Cyrillic – Андреј Иваноски & Бојан Иваноски се електронско дуо кое своите почетоци ги бележи во 2014 година, кога двајцата решаваат да ги здружат своите сили и искуство за да ја споделат со светот својата пасија кон електронската музика. Aктивни се на македонската клубска сцена и препознатливи по нивниот уникатен стил и енергични сетови. Имаат настапувано како “Warm Up DJ” на холандскиот продуцент и DJ “R3hab”, “Free Zone Festival”, “Open Sky Bitola”, “Beer Fest Prilep” и на други настани од фестивалски карактер. Продуцираат своја авторска музика и доста цврсто и ветувачки се движат кон остварување на нивната цел, – како што и самото име на групата кажува е да бидат преродбеници во ширењето на “писменоста” во поглед на разбирањето и прифаќањето на овој вид музика на овие простори.
>>>PROMO: Russian Standard 1l – 1600den. & 0,5l – 800den.
>>>Reservations: 071/457-484