Ветеранките на ракометниот клуб “Југ” денес патуваат за Нови Сад каде од 10 до 13 март ќе учествуваат на единаесеттиот меѓународен ракометен турнир “Нови Сад 2016”.
Турнирот е во организација на ракометниот клуб “021” од овој град а на него учество ќе земат 12 екипи во женска и 21 екипа во машка конкуренција.
Ветеранките и ветераните од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Македонија три дена пред новосадската публика ќе се обидат да ја прикажат целата убавина на ракометниот спорт и покрај нивните години.
Извор – Општина Гевгелија