Во организација на градската библиотека од Гевгелија, беше промовирана третата поетска книга на македонскиот автор Стефчо Стефанов од Гевгелија, насловена „Стихови со црвени намери“ која е составена од 53 песни.
– Стефчо Стефанов е автентичен поет. Опседнат е со поезијата и секогаш е со неа, кога работи, кога одмора и кога спие. Неговите песни се топли, скриени и откриени,г ладни, искрени и гласни, напишани и нацртани и „аџамијски“, рече академик Катица Ќулафкова која беше промотор на настанот.
Професорот Владимир Мартиновски во поговорот за книгата напишал дека поетскиот „аџамилак“ на Стефанов нема потреба од пофалби, но и дека не може да се премолчи затоа што песните се вчудовидувачки полетни, полни со здрав хумор и хипнотички заразни и оти оваа книга претставува смела диверзија на ситните, излитени и очекувани „поетски трикови“.
Извор: Општина Гевгелија