На ден 18.04.2015 год. (сабота), во организација на учениците од III-в одделение со наставничката Катица Маркова и дел од Советот на родители при ООУ„Крсте Мисирков“- Гевгелија, реализираа една несекојдневна активност, излет во природа- пешачење до блиската околина до излетничкиот локалитет Вардарски рид, под мото: „ Во здраво тело, здрав дух “.
Во утринските часови учениците,наставничката и дел од Советот на родители тргнаа од пред училиштето ООУ„Крсте Мисирков“. По долгото пешачење учениците пристигнаа до зацртаната дестинација, каде во организација на Советот на родители имаа ручек –пауза во ресторантот на Мотел Вардар.
После ручекот учениците се рекреираа, дружеа, радуваа во детскиот забавен парк во бавчата на Мотел Вардар. После дружењето учениците го продолжија патот кон разгледување и набљудување на археолошките ископувања на локалитетот Вардарски рид.
После разгледувањето и дишењето на чистиот воздух во боровата шума учениците тргнаа назад кон своите домови полни со спомени и пријатни импресии од денешниот излет во допир со природата.