Второ место на меѓународен натпревар во Сараево


Угосителско-туристичката струка го освои второто место на меѓународниот натпревар „Туристички пазар“

Учениците на натреварот се претставуваат со штандови, со производи од своето поднебје кои се традиционални и белег на регионот, со реклама и говорен настап. Говорниот настап е  на мајчиниот јазик и на англиски јазик.

Гевгелискиот туристички производ со  наслов:
„Фестивалoот на смоквите – од антика до современа реалност“ беше претставен од ученичките Станија Златановиќ и Анастасија Зејринова.

Натпреварот се одржа во  временскиот период од 7.5.2017год. до 10.5.2017год. во Сараево и опфати угостителско-туристички училишта од Белград, Загреб, Пула, Опатија, Раб, Хвар, Лесковац,  Врњачка Бања и др.

Натпреварот е поддржан од Министерството за туризам на Босна и Херцеговина, општината Стар Град и Општина Центар (Сараево).

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …