Гран при за Стефан Марковски


Дводневниот меѓународен поетски фестивал „Литературни искри – 2015“ во Гостивар заврши со прогласување на најдобрите и доделување на награди и признанија.

Петчленото жири, предводено од академик Катица Ќулафкова, највисокото признание на манифестацијата, „Гран-при“ му го додели на Стефан Маркоски од Гевгелија. Првата награда ја освои Давор Крстевски од Куманово, втората Катерина Гогова од Дојран, а третата Цветанка Колева од Кавадарци. За најдобар странски поет беше прогласен Невен Лукашевиќ од Хрватска, а за најмлад учесник на манифестацијата Сара Ѓорѓијоска од Куманово.

Со одржувањето на овој поетски фестивал, гостиварци на достоинствен начин го одбележаа 24 Мај, Денот на сесловенските просветители и учители „Свети Кирил и Методиј“.Пред доделувањето на наградите и признанијата, учениците од четирите гостиварски средни училишта изведоа рецитал на македонски, албански и турски јазик, посветен на животот и делото на „Свети Кирил и Методиј“, по што наградените поети читаа песни.

Во саботата вечер, пак, во амфитеатарот, на кејот на реката Вардар во Гостивар, настапија 14 поети што беа селектирани од 73. учесници од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Австрија, Бугарија, Црна Гора, Австралија, Република Српска и Македонија кои конкурираа на распишаниот конкурс. Настапија: Невен Лукачаевиќ и Дубравка Радаковиќ (Хрватска), Весна Вучетиќ, Зоран Радосављевиќ и Милка Шоља (Србија), Генка Богданова (Бугарија) и Соња Ѓорѓиевска, Давор Крстевски, Стефан Марковски, Цветанка Колева, Сара Ѓорѓијоска, Јусуф Сулејман и Сашо Блажески (Македонија).Исто така, настапија и неколку членови на Друштвото на писателите на Македонија и роднокрајни поети од Гостивар.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ помина во одлична организација и посетеност за што се заслужни НУ Центар за култура „АСНОМ“ и КЗУ „Културен бран“ од Гостивар, а беше финансиран од Министерството за култура.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …