Граничниот премин Евзони на грчката граница кон Република Македонија е деблокиран.
По 18 дена грчките земјоделци ги повлекоа тракторите од клучката кај Идомени, на самиот приод кон граничниот премин Евзони.
На тој начин овозможија камионите и другите возила повторно да ја преминуваат македонско-грчката граница. Целосното деблокирање на границата го потврдија и во Граничната полиција на граничниот премин кај Богородица.
Претходно грчките земоделци ги деблокираа блокадите на патот кај Солун и на другите патни правци, а деблокадата уследи по разговорите во Владата на Грциија која се обврза да достави до парламентот на гласање некои олеснувања во даночната и осигурителна програма.
Преминот Евзони беше блокиран од земјоделците од 30 јануари. Целосната блокада создаде огромни проблеми и за туристите и за товарниот превоз, за македонската индустрија и за солунското пристаниште кое беше преполнето со контејнери со производи за македонските компании.
Кон барањата за деблокада на Евзони се приклучи и градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов, кој уште пред една недела упати барање за помош до амбасадорот на ЕУ во нашата земја Самуел Жбогар и до грчкиот амбасадор во нашата земја Димитрис Јаннакакис.
Исто така, за последиците што ги трпи општина Гевгелија, а пошироко и Македонија поради грчката блокада од страна на земјоделците на најфрекфентниот граничен премин стана збопр и на завчерашната средба на амбасадорот Жбогар со градоначалникот Иван Франгов во Гевгелија.
Извор: Општина Гевгелија