Ме прашуваат другарките “добро, ти сите пораки ги читаш, на сите им одговараш?”, велам, да! Кој не го прави тоа, не ја разбрал поентата на социјалните мрежи. Така, ја отворив и пораката од Драгица Иванова. Пред да одговорам добивам уште една, гледам дека е од тетка Зорица, колешка на мајка ми. Ја прочитав нејзината порака и ми застана кнедла во грло. Сфатив колку труд и требало на Драгица за да ми пише. Одговорив нешто кратко и го исклучив телефонот.
Да се соземам. Нејсе…
На Драгица ѝтреба нашата помош. Не треба да ви кажувам дека живеат со никакви примања и дека се едно од оние семејства, типични за првата економија у свет. Сумата не е мала, но не е ни недостижна.
Треба да собереме 3.500€. Во продолжение, ги имате потребните податоци и потресната порака на тетка Зорица.
Светлана Иванова
Девизна сметка
МК07210501658372674
TUTNMK22
НЛБ Тутунска Банка
Трансакциска сметка
210501658372674
НЛБ Тутунска Банка
“Се работи за мои сограѓани и блиски пријатели со кои се зближив преку децата. Имено девојчето се вика Драгица и од мала ја носеа во градинка. Таа има 22 години и има церебрална парализа, а ситуацијата да е уште пострашна и помалото братче, 13 години, се роди со истата дијагноза и е во уште полоша ситуација затоа што покрај тоа има и епилептични напади. Ова второто не реагира на ништо, не зборува, само гледа во една точка. Меѓутоа, девојчево е толку бистра, интелигентна и желна за ЖИВОТ. Сама научи да чита, пишува, барати со телефон и што да ти кажам… не можеш да останеш рамнодушна.
Живеат од платата само на таткото. Сега разбрале за некои руски доктори кои доаѓале во Параќин – Србија. Тие веќе биле на преглед и докторот им кажал дека може со операција да ги зајакнат само тетивите на екстремитетите, за да може на девојчето да му се исправат рацете и нозете (затоа што сега ѝ се многу свиткани… сигурно веќе и од возраста), а и може со операцијата да и се пушти говорот. За тоа им побарале само 3.500 евра, а они ни толку не можат да обезбедат.
За крај само сакам да нагласам дека она ЖИВЕЕ САМО ЗА ДЕНОТ КОГА ЌЕ ПРОГОВОРИ. Хормоните нормално и работат, она веќе се заљубува и најмногу од СЕ САКА ДА ЖИВЕЕ.” Затоа, да дадеме сè од себе за се исполни желбата на Драгица!