ДОЛГОТРАЈНИ АПЛАУЗИ НА КОНЦЕРТОТ НА КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР „СОЛИСТИ НА ФМУ“


Основното музичко училиште „Васо Карајанов“ во Гевгелија одбележувањето на 40 годишниот јубилеј го започна со прекрасен концерт на Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, кој синоќа во Народниот театар во Гевгелија предизвика овации кај публиката.

Камерниот оркестар, под диригентската палка на Борјан Цанев, на својата прва средба со гевгелиската публика се претстави со дела од Моцарт, Вивалди, Доплер, Сарасате и Варлок. Посебно впечатлив беше настапот на солистите Љубица Делева и Лида Алиу, на виолина, Пандорка Јанакиева и Јана Каевска, на флејта, како и младиот виолинист Димитар Михајловски, кој измами најдолготрајни аплаузи.

-Ова е само почеток од концерти и музички настани со кои во текот на годината ќе го одбележиме 40 годишниот јубилеј на нашето музичко училиште, благодарејќи на поддршката од општина Гевгелија и фондацијата „Аполонија“, рече на почетокот од концертот директорката на ООМУ„Васо Карајанов“ Сузана Стефанова, најавувајќи ги настапите на Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, музичките училишта од земјата и многу други музички имиња на домашната и странската класична музика.

 Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …