Започна изградбата на прифатилиштето за бездомни животни во Општина Гевгелија


Наскоро започнува изградбата на прифатилиштето за бездомни животни во Гевгелија. Во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица  потпишан е договорот за изградба на Прифатилиштето за бездомни животни во општина Гевгелија. Имено, Центарот склучи  Договор за изградба со изведувачот ДГТУ ЕВРОГРАДБА – ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ, с.Владевци, која фирма на тендерот даде најповолна понуда.

Додека за изградбата на Прифатилиштето во општина Струмица, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион потпиша Договор со изведувачот ДПТУГУ АТРИУМ ДОО, Вевчани.

Изградбата на двете Прифатилишта е овозможена благодарение на финансиската поддршка од Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година и сите 10 општини од Југоисточниот плански регион со кои Центарот за развој на Југоисточниот плански има склучено Договор за реализација на проектот “Изградба на две прифатилишта за бездомни животни”. Главна цел на проектот е подобрување на безбедноста на граѓаните во Југоисточниот плански регион преку заштита и згрижување на бездомните животни во регионот.  Во текот на следната недела се очекува да се започне со активностите за изградба.

Прифатилиштето во општина Гевгелија ќе биде лоцирано во околината на Прдејци. На последниот јавен повик одУНДП, Советот на Југоисточниот плански регион аплицираше со проектот за уредување и опремување на прифатилиштата во Гевгелија и Стримица. Со тоа всушност ќе се создадат услови за целосно функционирање на прифатилиштата за бездомни животни, а тоа значи и почеток на решавањето на проблемот со бездомните кучиња.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …