Започна уредувањето на улици и тротоари со павер елементи на неколку локации во градот и во населените места.
Со павер елементи ќе биде уредена целата улица „Ристо Јанев“, како и двата помали крака. Станува збор за пешачки улици, согласно урбанистичката документација, поради што ќе бидат поставени павер елементи.
Исто така, со павер елементи ќе бидат уредени и други тротоари во Гевгелија. Претходно со павер беше изградена патека до новата училишна спортска сала во Миравци, како и патека до реконструираното училиште во Кованец.
Со акцијата за уредување на тротоари ќе бидат опфатени 1500 метри квадратни тротоари и помали улични. Изведувач на работите е фирмата „Урбан инвест“, која на јавниот повик даде најповолна понуда.
*Извор: Општина Гевгелија