Во Париз, речиси месец дена, престојува гевгелиската уметница Гордана Хаџи-Николова Малашев.
Причина за нејзиниот престој е изложбата, која беше отворена на 23 октомври 2017 година, насловена како „Засекогаш заедно„. Министерството за култура на Република Македонија го финансираше овој проект на Хаџи-Николова, која при престојот во International City of the Arts, создаде дела кои ќе бидат изложени во овој уметнички простор до 30 октомври, оваа година. Сенката и играта, се во фокусот на интересот на Хаџи-Николова во нејзините најнови дела.
Светлото и сенката, го прават нашиот свет кој не опкружува видлив, стои во рецензијата на оваа изложба. Без нив, видливиот свет би бил мртов,исто и нашата имагинација, нашата креативност и потребата за уметничко изразување. Светлото ја претставува животната енергија на светот, а сенката го пречкртнува светлото или животот.
Извор: Општина Гевгелија