По повод денот на пролетта, децата од ликовната работилница при Пионерскиот дом во Гевгелија вчера, вторник, 29 март организираа ликовна изложба.
Темата на која цртаа малите ликовни уметници беше пролет а на изложбата присутните можеа да видат дела создадени во акварел, темпера и колаж.
Инаку, оваа ликовна работилница започна да функционира од декември месец минатата година, а во моментот во неа членуваат 15 деца под менторство на ликовниот уметник Мирјана Крстева-Массети.
*Извор: Општина Гевгелија