Кошаркарите од КККожув ја продолжија серијата на победи во домашното првенство. Синоќа го совладаа Работнички на гостински терен со 61-62, пред испразнетите трибини поради казната на скопскиот прволигаш. Иако тимот од „Градски парк“ имаше контрола над резултатот во последната четвртина, кошаркарите на Кожув со поените на Пен во самиот финиш стигнаа до голема победа.
Решени да ја продолжат серијата од победи во домашното првенство, гевгеличани агресивно го започнаа натпреварот. Соколов ја водеше играта, а Пен поентираше кога на Кожув му беше потребно да ја зголеми позитивата, а со тоа и самодовербата во тимот со која се влезе во вторите десет минути. Американскиот кошаркар беше прецизен за првото двоцифрено водство на гостите (14-24).
Домаќините ја забрзаа играта кон крајот на првото полувреме. Две брзи контри водени од Цветковски и Николиќ му го донесоа и првото водство на „центарци“ на средбата (31-29). Во второто полувреме кошаркарите на Работнички го диктираа темпото. Ѓуроски погоди за три, па искористи грешка од противничкиот капитен за првото водство за „центарци“ во третата четвртина (36-34). Меѓутоа, госите не чекаа долго за да одговорат.
Две секунди пред истекот на третиот период Брчков постигна поени зад линијата за три. Разиграни од Мираковски по нискиот пост, домаќините го одржуваа водството и во последниот период. Пен намали на 61-60 на една минута пред крај, а со звукот на сирената ги постигна последните поени на средбата 61-62.
Ѓорѓи Чековски со своите 23 поени и седум скокови му помогна на капитенот Мираковски, кој уфрли 11 поени за домашниот состав. Ѓуроски беше стрелец на десет поени, Николиќ на пет. Пен го заврши натпреварот со 23 индексни поени за ефикасност вo дресот на Кожув кои се должеа на 21 поен и осум скокови. Штерјов уфрли 14, Нешовиќ осум поени.