Членовите на КУД “Танец” од Миравци синоќа се вратија од успешната турнеја во Република Хрватска.
Тие на покана од Друштвото на изворен фолклор “Копривнички Иванец” учествуваа на манифестацијата ” Иванечки кресови” која оваа година се одржуваше по 27-ми пат. На оваа манифестација четириесеттината членови на “Танец” се претставија со три кореографии- Водарки, Песни , игри и ора од Источна Македонија и Песни , игри и ора од Повардарието кои предизвикаа воодушевување кај хрватската публика.
Пред настапот членовите и управата на КУД “Танец” беа примени од жупанот на Копривничко-Крижевачката жупанија Дарко Корен. Покрај нив на оваа манифестација настапија и играорци од културно-уметнички друштва од повеѓе градови од Хрватска.