Македонски уметници на фестивал на франкофонија во Бугарија


Во бугарскиот град Созопол, отворен е шестиот Интернационален фестивал на франкофонијата „Soleil“ (Солеј) на кој Македонија ја претставува Културно-информативниот центар во Софија, кој по втор учествува на оваа значајна франкофонска манифестација.

Годинава, со свои културни програми ќе се претстават и Франција, Белгија, Романија,Турција, Грузија, Мароко, Либан и домаќинот Бугарија. Македонија годинава е претставена со неколку програми. Во рамките на Меѓународната ликовна колонија учествуваат академските сликари Мирјана Крстева-Масети од Гевгелија, како и сликарите Андријана Мациев, Иво Пецов и Марјан Ѕингаров.

На 6 јуни, Македонија ќе понуди целодневна програма. Најпрво, во просториите на Советот на Општина Созопол, директорот на македонскиот Центар во Софија м-р Васко Шутаров ќе одржи предавање за дипломатскиот протокол, пред ученици од средните училишта во Созопол. Вечерната програма продолжува со отворање на ликовната концепција „Конекција 2“, на која ќе бидат претставени дела на 13 македонски ликовни уметници, Слободан Милошески, Зоран Мише, Горан Тричковски, Павел Целкоски, Перица Георгиев, Иван Стоименов, Адриана Јованоска, Ице Огненовски, Јовица Миленов, Маријана Иванова, Јана Луловска, Марјан Ѕин и Иво Пецов.

Истата вечер, во 20 часот, целовечерен концерт ќе имаат Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова-Христова (пијано). И во ликовната концепција и на концертот ќе бидат претставени дела со француска тематика и интерпретирани композиции од француски автори.

*Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …