Комуналните служби навремено интервенирале по невообичаено ниските температури и снегот што ја зафатија општина Гевгелија, како во поглед на чистење на сообраќајниците и тротоарите во градот, така и во санирањето на дефектите на водоводната мрежа предизвикани од ниските температури.
Ова беше соопштено на денешната јавна презентација на Систем 48 часа во општина Гевгелија. Притоа, од Секторот за водовод на ЈПКД„Комуналец“ беше инфомирано дека во периодот од 10 до 17 јануари годинава имало дури 261 интервенција за санирање на пријавените дефекти на водоводната мрежа од страна на граѓаните и сопствениците на објекти. Најчесто, поради замрзнување на водоводните затворачи, стаклата и самите водомери, како и замрзнатите водоводни инсталации. Дежурните екипи постојано интервенираат за санирање на поријавените дефекти, а посебен проблем претставува санирањето на дефектите на вертикалните линии во колективните станбени објекти поради тоа што одделни станови се затворени и сопствениците недостапни.
-Отстранет е дефектот на водоводната линија во Смоквица, така што водоснабдувањето во ова населено место е нормализирано, информира Стојан Воданов, раководител на Секторот за водовод и канализација во ЈПКД„Комуналец“. Поради извршениот ископ за потребите на автопатот од страна на „Актор“ дојде до заледување на доводниот цевковод со вода за пиење и прекин на водоснабдувањето. Мораше да чекаме на нормализирање на временските прилики за да интервенираме и да го отстраниме дефектот.
Извор: Општина Гевгелија