Општина Гевгелија годинава од општинскиот буџет ќе издвои 15.100.000 денари или над 245.000 евра за изградба на нови системи за одведување и пречистување на отпадните води.
Скоро половината од овие средства, односно 6 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на нови канализациони линии во урбаните блокови 4,5,7,14 и 15 во Гевгелија, потоа, на градежната парцела предвидена за нов туристичкјо-угостителски комплекс кај Милци, како и за довршување на канализационата мрежа во Миравци, Негорци и Богородица.
Во 2015 година се предвидува и започнување на изградбата на Пречистителна станица со колектор за подрачјето на населените места Негорци и Прдејци, Негорските бањи и стопанските зони „Блокотехна“ и „Прдејци“. Нова атмосферска канализација годинава треба да добијат улиците „Јосиф Јосифовски“, „Ристо фаршинин“, „Илинденска“, „Мицо шаренков“,„Радован Ковачевиќ“, како и продолжување на атмосферската канализација на улицата „7 Ноември“ во Гевгелија. За оваа цел од општинскиот буџет ќе бидат издвоени 7 милиони денари.